Анастасија Ражнатовиќ и Ѓорѓе Кулиќ раскинаа по пет годишна врска.
Бившите соседи на Анастасија од станот на Дорчола каде што живееше со момчето тврдат дека пејачката изминатиот викенд била во станот за да си ги собере работите кои останале.
-Анастасија ја видов во саботата. Дојде предвечер за да си собере уште некои работи од станот. Мислам дека досега не успеа се да си земе. На нас ни е жал што си замина, беа убав пар. Само што се досели овде, а веќе треба да се исели. Донесе многу работи, не ни претпостави дека се ќе заврши се толку брзо. Долго време уредуваа….но ете, раскинаа. Сепак, ми изгледаше во ред, не беше тажна…Брзо се исели, два – три пати се качуваше и симнуваше, носеше неколку кутии. Со неа беше и една другарка. Возачот ја чекаше пред зграда, кој ги однесе кога заврши со иселувањето, вели еден сосед.
За потсетување, веќе со недели се зборуваше дека Анастасија и Ѓорѓе раскинале, а како причина за нивнота разделба е тоа што се помалку време поминувале заедно.
Парот по петгодишна врска се раздели на „Денот на вљубените“. Пејачката досега не се огласуваше по повод пишувањата за разделбата со момчето.
фото: Инастаграм/raznatovicanastasija/ало.рс/Зоран Илиќ/рас србија