Радио Милева трагедија...

Шок,тага и неверување: Ненадејно почина синот на македонската фолк пејачка

Шок,тага и неверување: Ненадејно почина синот на македонската фолк пејачка

Шок и неверување утрово предизвика веста дека македонската фолк пејачката со српско потекло, Сузи Анѓелковиќ го изгубила синот Робертино. Стотици пораки со сочувство оставаат блиските на Сузи, како од Македонија, така и од соседна Србија, каде таа настапуваше изминатиот период, објави Фокус.мк.

Причината за ненадејната смрт на младото момче се’ уште не е позната. Голем дел од македонската естрада и изразува сочувство на Анѓелковиќ, која отсекогаш важела за скромна пејачка и посветена мајка на своите два сина.

„Зошто сине мој, око мое, срце мое, беше син каков што секоја мајка би посакала да има, грижлив внимателен, весел… како понатаму без тебе?“ – стои во објавата на Фесјсбук страницата на скршената од болка мајка, по загубата на најмилото.

Сузи Анѓелковиќ е родена е во Власотинце, а кариерата  ја започнува уште пред околу 25 години. Набргу потоа ќе се пресели во Македонија, каде ќе продолжи да пее, ќе стане медиумски позната и ќе ги постигне најголемите успеси..

Сними албум и со македонски песни и не криеше дека има голема љубов кон Македонија и македонскиот народ.


Нејзината песна „Пусти да се парите” своевремено стана голем хит, како и песните , „Многу сакам да те видам”, „Ксметлија”, и други. Исто така, таа ја сними и песната ,„Тигри македонски” посветена на специјалната единица Тигри при МВР.

Последните неколку години имаше чести настапи во Врање, соседна Србија, но и во локалите низ Македонија.

Длабоко и искрено сочувство до неа и семејството за ненадоместливата загуба.

To top