Групата „Магазин“ од Сплит ќе остане запаметена како една од најпознатите, најтиражните, најхитовски определени екс ЈУ и хрватски групи, која во своите поп песни го вметнуваше и негуваше медитеранскиот и далматинскиот мелос. Останаа запаметени и по тоа што од нивните редови поникнаа еден од најголемите композитори на денешницата, хитмејкерот Тончи Хуљиќ, како и популарните пејачки Данијела Мартиновиќ и Јелена Розга.
Но сепак, прва пејачка на легендарната поп група „Магазин“ беше една Македонка. Љиљана Николовска (57), која многумина ја паметат по прекрасниот вокал, но и одличниот изглед.Пејачката во групата членуваше во периодот од 1983 до 1990 година.
Заедно снимија вкупно седум албуми, а хитовите како „Коколо“, „Пиши, пиши ми“ или „Ти си жеља мог живота“ се појавуваат и денес на бројни компилациски албуми.
Љиљана е родена во Сплит, а нејзините родители Вера и Боро имаат македонско потекло. Таа ја напуштила Хрватска и Југославија на почетокот на воениот конфликт во 1990-тите и сега живее во Сан Педро, Калифорнија, САД.Во 1996 година го сними својот деби соло албум „Let“ за Кроација рекордс.За деновите кога отишла во „белиот свет“ вели:
„Дури и кога заминав, во 1989 година, моите куфери беа спакувани во првите три години, подготвена да се вратам дома, но случајно запознав бенд што ми се допаѓа, го запознав мојот сопруг, станав мајка таму, во Америка“ – раскажува Љиља .
Денес таа е задоволна и среќна жена на која ништо не и недостасува. Кога се сеќава на периодот со „Магазин“, ја облеваат позитивни чувства:
„Секогаш ми недостига публиката исто како и моите драги луѓе од работата“ – носталгична е вечно насмеаната Македонка!
Пејачката веќе некое време напорно работи и снима нови песни кои ги чекаат првите реакции на пријателите и соработниците. Води мирен, спокоен живот, има голема градина, животни.
Фановите на „Магазин“ ја паметат по песните „Тамара“, „Коколо“, „Пиши, пиши ми“, „Ти си жеља мог живота“, „Три сам ти зиме шептала име“ и многу други.
Распеаната Македонка чија насмевка и денес плени е исклучително активна и преку својот Фејсбук профил, често комуницира со фановите, објавува свои фотографии и активно разговара и споделува информации со сите.
Фото: Фејсбук принтскрин/Ljiljana Nikolovska