Радио Милева

Кога ќе ти „легне од прва“: Сања – Барбика има нова љубов…! (ФОТО)

Кога ќе ти „легне од прва“: Сања – Барбика има нова љубов…! (ФОТО)

Македонската фолк пејачка Сања Цинцева, на естрадата попозната како Сања- Барбика во последно време повеќе е надвор отколку дома. Австрија, Турција, Германија… гостувања и настапи по клубовите и локалите каде доаѓаат да се забавуваат наши, и не само наши, туку иселеници од целиот регион.

Новите музички искуства, носат и безброј нови познанства. А на нашата Барби, онака стокмена, стегната, откако ќе се појави и ќе го истури сиот свој сексапил на сцена, тешко кој може да и одолее.

Уште ако претходно и го прочешлал Фејсбукот или Инстаграм профилот, па налетал на некоја од колекциите  провокативни фотографии на русокосата фолкерка…

До душа, Барби неодамна по теркот на Карлеуша, од блондинка се преобрази во „пинк лејди“, бојадисувајќи ја косата од руса во розова, ама сеедно! И тоа е природно! Како и останатато кај неа… Ма, кај Барби се’ е природно… и бујно!

Па така после толку гостувања, прошетки, настапи, контакти и нови познанстава, природно беше Сања – Барбика и одново да се вљуби! А кога жена, особено како неа ќе „полуди“ по нешто…  тоа мора и да го има! Затоа македонската фолкерка со крупни чекори се упати кон својата нова љубов… на прв поглед! За да ја проба! А као што знаете, за проба пари не се земаат! Освен, ако… пробаното „не ти легне на прва“, па за пари кој прашува! А нејзе и легнаа… Новите чизми!

И тоа на прва се вљуби во нив, па си ги купи! До душа не видовме како и стојат, ама затоа видовме како изгледаат! А како изгледа таа… Гарантирано добивме уште една  фолк „мачка во чизми“.

 

To top