Aна Бекута и Милутин Мркоњиќ Мрка важеа за еден од најскладните бракови, а пејачката неколку пати истакна дека покрај него ја пронашла среќата.
-Половина живот ми помина во барање. Кога се запознавме имав 52 години, он речиси 70, изјави Ана пред неколку месеци за „Хело“.
Мрка беше многу внимателен и романтичен и за секој важен датум на Ана и приредуваше изненадувања.
Ана и Мрка се запознале на „Денот на вљубените“ и отогаш тој ден го славеа како годишнина.
На вчерашниот ден 14 февруари, на празникот на љубовта, Ана објави заедничка фотографија со Мрка, а во описот напиша емотивна порака:
– Љубовта е дарежлива, добронамерна е љубов, не завидува, љубовта не се фали, не отекува, не е груба, не го бара своето, не е раздразлива, не се сеќава на злото, не се радува на неправдата, туку се радува на вистинаta; покрива сè, верува во се, се надева на сè, сè поднесува. Љубовта никогаш не престанува. (Апостол Павле – Прво послание до Коринтјаните), напиша Бекута на Инстаграм.
фото: Инстаграм/anabekuta/damir dervisagic