Пејачката Гоца Тржан призна дека се откажала од вештачкото оплодување преку кое се обиде да добие дете со сопругот Раша Новаковиќ.
-Имав три вешачки оплодувања. Повеќе не е здраво и нема да одам на тоа. Тоа е голем стрес за организмот.Многу луѓе имаат проблем со природно зачнување. Мразам кога за таа тема се пишува патетично.Не ми треба никој да ме сожалува. Тие луѓе се херои, изјави Гоца за курир.рс
Како што вели сопругот Раша и е голема поддршка во се, па така и во воспитувањето на ќерката Лена која ја доби од бракот со Иван Маринковиќ.
-Живеам како и сите други луѓе. Раша ми е поддршка во секоја смисла. Почнавме да живееме заедно кога Лена имаше пет години. За тоа дете се грижеше како родител, ја носеше во градинка, и даваше да јаде, да учеше да плива, да вози велосипед. Не се однесуваше кон неа како странец. Не сакам да се жалам. Има жени кои се мачат како самохрани родители, вели пејачката.
фото: Митар Митровиќ/рас србија/ инстаграм