Радио Милева Бела чао...

Уште една македонска ТВ водителка се сврши: Александра од „ТВ Алфа“ замина на скијање, а заврши со веринчки прстен (ФОТО)

Уште една македонска ТВ водителка се сврши: Александра од „ТВ Алфа“ замина на скијање, а заврши со веринчки прстен (ФОТО)

Уште една македонска ТВ личност е на прагот да стане од девојка жена или поточно нечија сопруга. Александра Овчарска, или попозната како Бела Александра, ТВ водителка на утринската програма на ТВ Алфа замина на скијање на Копаоник, а заврши со веринички прстен на раката.

Таа и нејзиното момче Саша имаа романтичен викенд во познатиот српски скијачки центар, кој заврши со понуда за брак!

Имено, нејзиното момче, отсега и вереник и потенцијален сопруг и зет во семејството, ја изненадил водителката со веренички прстен. Како точно изгледал чинот на запросување не опишале ниту обајцата, но едно е сигурно: Идниот младоженец го искористил заедничкиот зимски викенд, па во предвечерјето на празникот на вљубените  Св. Валентин, го направил (пред)брачниот чин – ја побарал водителката за жена.

Ниту Александра, ниту нејзиното момче, кој инаку работи во една шведска Ај Ти конасалтинг компанија, не ја обзнанија јавно свршувачката, ама затоа пак среќниот момент прва го објави сестрата на водителката, која исто така е ТВ лице, презентерката на временската прогноза на Телма, Елена Манојловски.

„Посакувам да сте секогаш вака среќни и заљубени Санулка моја ми го разубавивте денот, месецот годината ма животот“ – напишала среќната сестра споделувајќи ја фотографијата на која во прегратките на зетот, идната невеста гордо го покажува свршеничкиот прстен од ски терените на Копаоник.

Епа, Бела чао… од моминскиот живот секако и добредојде на прагот на брачниот клуб… Нека е со среќа!

Фото: Фејсбук принтскрин/Sasha Vuksanovich/Елена Манојловски

To top