Мегафон

Љубовта има многу форми: Екстравагантен симфониски концерт, италијански шансони и забавни шопинг приказни во Ист Гејт Мол

Љубовта има многу форми: Екстравагантен симфониски концерт, италијански шансони и забавни шопинг приказни во Ист Гејт Мол

– Овој викенд во Ист Гејт Мол се случува вистинска екстравагантна атмосфера во чест на двата најпознати празници во месец февруари, коишто ја слават љубовта и виното. Започнати се деновите на вистинска љубовна магија во најголемата шопинг престолнина.

Мелодијата на домашните и светски евергрини и арии, е подготвена да ја збогати зимската атмосфера во Ист Гејт Мол. На 12.02.2022 (сабота), од 18:30 до 20:00 часот (-II кат пред Супер Тинекс), се очекува „Екстравагантен симфониски концерт“ со 23 музичари на сцена од составот на оркестарот Полифонија. Специјален гостин на настанот ќе биде тенорот Павле Камилоски, со Наде Талевска, Кристина Палија и Никола Стојчевски како солисти, додека диригентната улога ќе биде под палка на Владимир Димовски.

На 13.02.2022 (недела), еден ден пред денот, којшто на глобално ниво е познат како синоним на виното и љубовта, во Ист Гејт Мол се најавува Prosecco Fantinel Night Party од 18:00 до 20:00 часот (-II кат пред Супер Тинекс) со специјална понуда и дегустација на ексклузивно италијанско просеко пропратено со забавните звуци на италијанските шансони.
Од 12. – 14.02.2022 (сабота – понеделник), сите посетители во Ист Гејт Мол, кои уживаат во празничниот и забавен дух на овие два празници, се поканети да дојдат сами или во пар, да го пронајдат Големото срце на приземје, и да добијат шанса да освојат екстра попусти.

Љубовта и виното се вистинска инспирација и доволна причина за мотивација да се изненадите себеси и блиските со подароци во различни големини купени од некои од бројните реномирани брендови во Ист Гејт Мол. Љубовта има многу форми. Верувајте во магијата на подарувањето и грижата за себеси и саканите и во вистинска Валентајн атмосфера, создадете подароци, коишто покрај многу љубов, во себе можат да кријат украсна декорација од Zara Home, фустан и чевли од Mango, Liu Jo, Patrizzia Pepe, Twinset, Fashion & Friends, XYZ, или пак нов спортски аутфит од Under Armour, нови патики од Nike, или пак можеби нов ексклузивен сет шминки од единствената продавница на MAC во земјата. Изборот во Ист Гејт Мол е голем, а 250те продавници кријат и повеќе од 250 шопинг приказни создадени за сите возрасти и вкусови.

Верувајте во магијата на љубовта во Ист Гејт Мол.

East Gate Mall Loves You.

Ти си центар.

To top