Пејачката Северина снимала спот во Белград, а папараците ја уловиле како маскирана излегува од салата за да никој не ја препознае.
Северина била облечена во опуштено издание со јакна, а под неа блуза со капа која ја ставила на главата, лицето го сокрила со заштитна маска и очила за сонце.
По неколку часовното снимање таа изгледала изморено.
Додека таа снима, нејзиниот поранешен сопруг се одмара во Америка.
Тој објави фотографија со нејзината сестра која живее во Лос Анџелес.
За потсетување, претходната година Игор и Северина ставија крај на нивниот брак.
фото: инстаграм/ата имагес/дамир дервишагиќ