Радио Милева среќни

На среќата им нема крај: Сара Мејс и Димитар Атанасовски го открија полот на нивното второ дете (видео)

На среќата им нема крај: Сара Мејс и Димитар Атанасовски го открија полот на нивното второ дете (видео)

Сара Мејс и Димитар Атанасовски очекуваат принова. Имено, тие ќе станат родители по вторпат.

Неодамна радосните вести тие ги споделија на социјалните мрежи објавувајќи фотографија од ултразвук.

Инаку, Сара откри како се чувствува во втората бременост.

-Одлично се чувствувам, засега е сe’ како што треба. Многу сум радосна што семејството ќе ни се зголеми. Илина и Димитар се супер, и ќе бидам многу среќна кога на свет ќе дојде уште една позитивна личност како нив, од нивната клапа“, изјави Сара за „Женски магазин“.

Познатата двојка сега го откри и полот на бебето. Имено, Сара, Димитар и нивната ќеркичка Илина отворија кутија во која се наоѓаа сини балони.

Сара очекува машко дете, а Илина ќе добие братче.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Mace (@sarahmace__)


На нивната среќа им немаше крај, па семејство прослави со музика. Инаку, Димитар и Сара од бракот ја имаат ќеркичка Илина.

Честитки.

фото: принтскрин/инстаграм/sarahmace__

To top