Сигурно се сеќавате кога пред неколку години автомобилот на Весна Бејби Петрушевска среде Скопје се најде во водите на Вардар, а ЕВН потоа ја искористи таа случка со актерката да сними реклама за онлајн плаќање на нивните сметки за струја.
Тогаш Бејби одново влезе во реката под Камениот мост, само опремена со нуркачка опрема божем барајќи да ги извади сметките од потонатиот автомобил за да ги плати, всушност рекламирајќи ја кампањата на ЕВН за онлајн плаќање.
Ни ЕВН ни Бејби тогаш не обзнанија колку едните ги чинеше рекламата, а колку другата страна заработи за нуркањето по фактури во Вардар среде Скопје.
View this post on Instagram
Арно ама, кармата е кучка, а „гладните за пари рекетари на неолиберализмот“ се немилосрдни, па фактурата сега ни стигна на сите нам, ама и на неа, и тоа баеги голема.
Весна – Бејби доживеа „електро-шок“ кога ги доби последните сметки за струја, па по непреспаната ноќ, уште рано изутрината како и многумина јавно се пожали на социјалните мрежи, од што тоа „кожата и се ежи“.
“Слушам се жалите поради сметките за струја. Да ви кажам, мене едната ми е 14.000 денари, другата 18.000 денари. Знаете кога ќе им ги вадам јас сметките друг пат од вода? Кога јас ќе се фрлам во Вардар, па нека ме вадат ЕВН од таму. Стварно се ненормални… Рекетари“ – им порача Bејби во видеопораката на „неуземјените струјаџии“ претходно прашувајќи ги: „ЕВН онлајн, како сте? Цо паите? Ние арни и во благо растројство. Убаи сметките!“
View this post on Instagram
После ова пред Бејби, ЕВН само спомни ја, таа веднаш добива „електро – инсомнија“!
Фото: Инстаграм принтскрин/evn_ag/vesnapetrushevska