„Француски бакнеж” е насловот на концертот кој ќе се одржи на 11 февруари во 20 часот. Диригент е Џијан Емин, а како солисти ќе настапат членовите на француското трио „Ана Кап” кои воедно се и автори на музиката која ќе биде изведена. Гости на концертот се и виолистот Оливие Самуијан и вокалистката Бети Жарден, и двајцата од Франција.
Членови на триото се: Пјер Миле – труба, Мануел Декок – виолина Жан Мишел Трото – хармоника. „Ана Кап“ триото свири, пее, танцува и „распарчува“ и ништо не е оставено на случајноста. Слушаме наизменични трогателни и хумористични моменти, со прецизност на швајцарски часовник. Феноменалното шоу на француското трио „Ана Кап“ е вистинско камелеонско, инспиративно патување во кое се комбинираат виртуозна музика, чудесна комедија и дадаистички песни. Тоа се тројца извонредни музичари: фасцинантен трубач кој по секоја цена покажува неизвесност, среќен хармоничар со биполарна тенденција и срамежлив и измачуван виолинист, кој се обидува, најдобро што може, да ја спаси фарсата…!
Извор: Умно.мк