Јелена Ѓоковиќ максимално го користи убавото време за уживање на плажите на Домениканската република.
Сопругата на Новак Ѓоковиќ на својот Инстаграм сподели снимка на која се гледа како се забавува на плажа. Таа игра со брановите на морето, а во описот напиша:
-Кога си целосно сам на плажа. Играј како никој да не те гледа, напиша убавата Јелена.
Видеото за кратко време доби голем број лајкови и позитивни коментари, а фановите и порачаа почесто да објавува вакви снимки.