Пејачката Катарина Живковиќ се огласи по гостувањето во емисијата „Магазин ин“ и истакна дека водителката Сања Маринковиќ намерно избришала одговор на прашање на провокативно прашање.
Имено, Каќа требало да одговори на прашање за жените со низок морал ги поврзуваат пејачките и релаити учесничките. Бидејќи одговорот на Катарина не се емитуваше во емисијата, таа се огласи преку својот „Инстаграм“.
-Сања од емисијата го избриша одговорот на прашањето дали мажите реалити учесниците и пејачките ги доживуваат како жени со низок морал и ограничена интелигенција, па сум принудена овде да прокометирам. Моја должност е да се бранам, да ги бранам моите колеги кои во животот чесно се борат и заработуваат, напиша Каќа.
Таа истакна дека повеќе нема да гостува во нејзината емисија.
На социјалните мрежи се појави снимка од „Магазин ин“ во која Маринковиќ ја одјавува емисијата со реченицата „Ви благодарам што не се правевте поглупи од што сте“ и предизвика лавина од коментари.
View this post on Instagram
фото: принтскрин/јутуб/магазин ин