Радио Милева кој е во право

„Војна“ меѓу двете познати дами: Катарина Живковиќ не сака повеќе да гостува кај Сања Маринковиќ и бара јавно извинување, водителка тврди: „Нема зошто да се извинувам, се е во ред“

„Војна“ меѓу двете познати дами: Катарина Живковиќ не сака повеќе да гостува кај Сања Маринковиќ и бара јавно извинување, водителка тврди: „Нема зошто да се извинувам, се е во ред“

По емитувањето на последната емисија на „Магазин ин“, на својот „Инстаграм“ се огласи пејачката Катарина Живковиќ која истакна дека е навредена бидејќи нејзиниот одговор е исечен од емисијата.

Одговорот кој недостигал се однесува на прашањето дали мажите ги доживуваат пејачките и реалити учесничките како жени со низок морал.

-Сања од емисијата го избриша одговорот на прашањето дали мажите реалити учесниците и пејачките ги доживуваат како жени со низок морал и ограничена интелигенција, па сум принудена овде да прокометирам. Моја должност е да се бранам, да ги бранам моите колеги кои во животот чесно се борат и заработуваат, вели Каќа.

Пејачката на својот „Инстаграм“ објави дека нејзиниот одговор е исечен и не објавен, па побара од водителката јавно да и се извини.

-Сања, ти во емисијата ги покануваш гостите за да ги навредуваш, понижуваш, и на крајот креираш како тебе ти одговара. Јас сакам јавно извинување, не само за себе, туку и за своите колеги, напиша Каќа која до детали го објасни проблемот со водителката.


Сања Мариновиќ истакна дека нема зошто да и се извини на Живковиќ.

-Зошто да се извинам? Овде нема никакви проблеми, нашите тимови се слушнаа и се е во ред, изјавила водителката за ало.рс и додала:

-Кога се консултирав со продукцијата и монтажерите, го исфрливме делот од 10 до 15 минута бидејќи се преклопуваа две изјави. За тоа сведочи и суровиот материјал. Освен технички, немав други намери. Каќа е мој драг гост, дава паметни одговори и е добар соговорник. Немам црна листа, повторно ќе ја поканам, вели Сања.

Катарина од социјалните мрежи не ја избриша објавата, а како што вели нема ни намера тоа да го направи.

-Прочитав дека не успеала тој материјал да го смести во еден час, па кратила по сопствени препоставки и на мене ми го скрати одговорот на нејзиното провокативно прашање. Ако не и оди да организира една таква емисија, тогаш нека води некоја која каде нема да постои ризик некој да навреди. И понатаму сум на ставот дека повеќе нема да гостувам кај неа, зошто да гостувам каде некој ме навредува и каде што емисијата ја завршува со речницата: „Драги мои, ви благодарам што не се правевте поглупи отколку што сте“. Ако немало место за мојот одговор, требало и да нема место за нејзиното прашање, вели пејачката за ало.рс

фото: ало/принтскрин/инстаграм/katarina zivkocic/sanja marikovic

To top