Легендарниот словенечки музичар, уметник и активист Марко Брецељ почина на 71 година.
Брецељ беше активен на уметничката сцена речиси половина век.
Прво како основач, фронтмен и текстописец на култната група „Булдожер“, со која објави три албуми и изврши големо влијание врз југословенската панк сцена и движењето нов бран.
„Марко Брецељ е уметник кој тешко може да се дефинира зашто во својот долг творечки живот промени неколку идентитети и во словенечката јавност се појави во разни персонификации“, кажа жирито кога му ја додели наградата „Јеж“ на РТВ Словенија.
Брецељ ја напушти групата „Булдожер“ во 1979 и потоа не сакаше многу да зборува за неа. Потоа продолжи да работи како независен уметник, што вклучи и изведување перформанси и со голем успех го водеше Културно-уметничкиот и мултимедијален центар во Копер. Се занимаваше и со политика, па беше градски советник во Копер и ја оформи партијата Акација.