Појавата на Северина речиси секогаштема во домашните и регионалните медиуми, бидејќи мислењата се поделени. Додека едни ја сметаат за една од најубавите жени во регионот, други коментираат колку често ги обработува нејзините фотографии со разни фотопрограми на социјалните мрежи.
Со оглед на тоа што повеќето јавни личности често ги „поправаат“ нивните фотографиии кои завршуваат на „Инстаграм“, се чини дека Северина не е исклучок по објавата која неодамна се појави.
Имено, на една страница на „Инстаграм“ се појави колаж од две фотографии на Северина – едната ја направија медиумите, а другата пејачката ја објавила сама на нејзиниот профил.
Иако беше „фатена“ на првата спомената фотографија додека зборува и нејзиното лице има незгоден израз, во однос на фотографијата што самата ја направила, многумина ја забележаа разликата. Злите јазици би рекле дека таа премногу користела фотошоп, но сепак се работи за осветлувањето и аголот од кој е сликана, што значително влијае на крајниот резултат на фотографијата.
Фото: Инстаграм принтскрин/severina/pravo_vip_lice