Првиот следен попознат празник што наближува е 14 февруари… За православните христијани познат како Св. Трифун, денот на лозарите и закројувањето на лозјата, а кај католиците познат како Св. Валентин или последниве години, општо прифатен како „Денот на вљубените“.
За едните кафеаната е „институцијата“ која тој ден најмногу се посетува, за другите љубовта и љубовните подароци во вид на ситни, а кај парајлиите и крупните дребулии се најважни.
А, желби што да се добие на подарок има разни… Од цвеќе, гардероба, накит и парфеми, до играчки мечиња и домашни миленичиња… Бакнежите и „она другото“ секако одат под „задолжително“!
Македонската фолкерка Марија Луиса Тодоровска е една од оние што изрази желба што сака на подарок да добие. За Денот на вљубените секако, иако не откри од кого?!
Ама затоа Марија ја откри својата чудна желба. За некого помалку бизарна, за некого сосема нормална.
Имено фолкерката посака да добие бебе… Ама не, не е тоа што помисливте, туку бебе коза и тоа жива, на подарок. Или поточно, мало јаре!
Од каде идејата, а уште повеќе желбата за вакво домашно милениче, кое обично се чува на село, а не во стан во урбани градски услови, само Марија може да ви долови!
Бидејќи желбата на пејачката секој ден и стануваше се’ поголема, таа реши јавно да си ја каже и посака, па повика да и биде исполнета.
„Се наближува Денот на вљубените, па ако некој е заљубен во мене и сака да ме изненади, сакам да ми подари бебе коза… Ви благодарам за разбирањето!“ – им порача Марија на своите потенцијални „љубовници“ или тајни обожаватели, што скришум во сексапилната битолчанка се заљубени!
Сега љубовџиите се на потег… Згодна прилика да ја освојат фолкерката, која 100% „ќе падне“ на подарокот, па потоа лесно може да им падне и во прегратки, а патем подарокот нема прескапо да ги чини.
Ако потоа имаат и малку среќа, додека ја милуваат – Марија ќе им пее, а јарето ќе им блее. Или што би рекле некои: Евтина математика за урбано – селска романтика!
Затоа не чекај, побрзај и биди фин, купи и јаре на пејачаката за Свети Валентин. Ги нема по маркети и молови, ама сепак има каде може да се набави…
Ако не ти текнува и со идеи стоиш тенко, обрати се кај Миленко!
Фото: Инстаграм принтскрин/luisa.todorovska/Јутјуб принтскрин/Milenko Nedelkovski