На 08 февруари (вторник), со почеток во 20 часот во МКЦ ќе биде одиграна театарската претстава „Дневна доза мазохизам“.
Истражувајќи ја опсесијата како генетски код врз кои се создаваат односите помеѓу луѓето и опседнатоста како пракса која се артикулира во секојдневието, новиот театарски проект на „Пресврт“, „Дневна доза мазохизам“ го разложува човековиот емотивен распад преку конфликтот кој се наоѓа во обичните ситуации. Заслепени од виртуелниот идеал, често луѓето се наоѓаат на крстопатот помеѓу она што е и она што посакуваат да биде, како што му се случува и на Тома чие несовпаѓање со светот длабоко се истакнува преку неговата привлечност кон младата „инфлуенсерка“ Софија која пак се бори со сопствениот наметнат калап на своите обожаватели.
Текст:Дина Вукелиќ
Режија:Лука Ибрахим Кортина
Играат:Дарко Ристовски, Томислав Давидовски, Марјан Наумов, Јанка Лефкова, Димитрија Доксевски, Ава Хусеини, Ѓорѓи Јолевски, Амернис Нокшиќи
Сценографија: Мартин Манев
Костимографија: Ирина Тошева
Кореографија: Наталија Теодосиева
Превод на текст: Горјан Милошевски
Видео проекции: Кирил Манчевски
Продуцент: Петар Антевски
Режија:Лука Ибрахим Кортина
Играат:Дарко Ристовски, Томислав Давидовски, Марјан Наумов, Јанка Лефкова, Димитрија Доксевски, Ава Хусеини, Ѓорѓи Јолевски, Амернис Нокшиќи
Сценографија: Мартин Манев
Костимографија: Ирина Тошева
Кореографија: Наталија Теодосиева
Превод на текст: Горјан Милошевски
Видео проекции: Кирил Манчевски
Продуцент: Петар Антевски
Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и oнлајн преку bileti.mkc.mk
Изведбите на претставата „Дневна доза мазохизам“ се организираат согласно актуелните протоколи за организација на настани.
Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура.
Проектот е финансиски поддржан од Министерството за култура.