Како бомба одекна веста дека Цеца Ражнатовиќ и Богдан Срејовиќ ставиле крај на нивната врска, а двајцата истакнаа дека ќе останат добри пријатели.
Неколку недели пред раскинувањето, Цеца вака ја прокоментира врската со Богдан.
-Тешко дека некој да ме смени, јас сум изградена личност, исто како и тој. Нашата врска се базира на љубов, доверба, компромис бидејќи ништо не може без компромис, не постои еднонасочна улица. Јас сум зрела, стабилна личност, и тој е исто така таков човек, на нас ни е тешко така да фуикционираме. Тој одлично знае со кој е во врска, исто така јас знам што тој сака, што му годи и многу ми е убаво. Јас сум мирна, среќна и задоволна, а тој мир нема цена, изјави Ражнатовиќ за пинк.рс
Таа и откри зошто не сака повторно да се мажи.
-Не мора да брзам. Исполнета сум како мајка, тоа е најважно во мојот живот и тој документ нема никакво значење за да функционира еден однос. Тој исто така зад себе има еден брак и дете, не трча по некои работи, сега да формира семејство, да очекува деца…На нас ни годи секој ден да сме заедно, повеќе време да поминуваме заедно, а тој документ воопшто нема да ми го надогради односот, ниту пак да ми однесе нешто ново, изјави пејачката.
За потсетување, Цеца и Богдан ја обелоденија врската кога Папарацо лов го улови парот како шета во Белград.
фото: Инстаграм/богдансрејовиќ/ата имагес