Мегафон

Десетто издание на фестивалот „Земјотрес“ во МКЦ

Десетто издание на фестивалот „Земјотрес“ во МКЦ

„Земјотрес #10“ е  најголем фестивал на свежа, домашна и независна музика. Датумот на одржување е  сабота, 19-ти февруари 2022, почеток: 19:00, крај: 04:00 часот во МКЦ – Младински Културен Центар.

По 10-ти пат помеѓу младите, на три музички подиуми, со повеќе од 20 артисти. Инди рок, Трап, Техно, Џез, Метал… ќе има се’!

На ова јубилејно 10-то издание се застапени настапите на најсвежото од домашната музичка сцена:

• 350teric
• Andreja Salpe B2B Galatheia
• Avelina
• Basement Cult
• Corrosion
• Cruel
• Cut Your Nipple
• Demency
• Kanton6
• Lufthansa
• Mamut
• Marija Kaeva
• Marko Rikaloski
• Mihajlo Dojchinoski
• Mirko Popov Quartet
• Room 313
• S.A.M
• Sexy Marsa & Friends
• Shirshaja
• Taxi Consilium
• Xajka

Распоредот на настапи ќе следува наскоро.

ВАЖНО:

Поради пандемијата, влезниците оваа година се во строго ограничен број (50% од просторните капацитети на МКЦ)! Затоа побрзајте и набавете ги истите веднаш на bileti.mkc.mk по цена од 300 ден. за први 200 влезници, а потоа по 350 ден.
Фестивалот ќе се реализира согласно актуелните мерки/протоколи за организирање настани во затворен простор. За влез на „Земјотрес“ ви треба сертификат/потврда за извршена вакцинација против Covid-19.

To top