Иако се шпекулираше дека венчавката на Хана Хуљиќ и Петра Грашо ќе биде одложена поради ситуацијата со корона пандемијата, се чини дека двојката не се откажува од подготовките за најважниот ден во животот.
Покрај пријателката на Хана, Доменика, која ќе и биде и кума, на свадбената прослава ќе присуствуваат и родителите на невестата, Вјекослава и Тончи Хуљиќ, братот Иван, родителите на Петар – Снежана и Зоран Грашо, како и сестрата Буга.
Лавина од коментари предизвика одлуката на Хана на свадбата да носи венчаница токму од омилениот бренд, односно креатор на поранешната девојка на Петар, Данијела Мартиновиќ.
Идната невеста наводно избрала венчаница која целосно одговара на стилот кој го негува со години. Како што пишува порталот 24sata.hr, добро упатени извори откриваат дека ситуацијата е деликатна и дека не знаат како ќе реагира Данијела и дали ќе и пречи што Хана ќе се омажи во крвенчаница која е креација токму на нејзините долгогодишни соработници?!
Фото; Инстаграм принтскрин/petar_graso_fan_page