Радио Милева никој не очекуваше...

Раскинувањето на Цеца и Богдан ја шокираше јавноста, зашто никој не насетуваше крај: И носел рози и кафе во постела секое утро!

Раскинувањето на Цеца и Богдан ја шокираше јавноста, зашто никој не насетуваше крај: И носел рози и кафе во постела секое утро!

Светлана Цеца Ражнатовиќ и угостителот Богдан Срејовиќ решија да стават точка на емотивната врска, по една година љубов.

Цеца и Богдан не сакаа премногу да коментираат за раскинувањето, само единствено сакаа да ги потврдат овие наводи: „Веќе не сме во врска, но ќе бидеме пријатели до крајот на животот“, ја пренесе нивниата изјава Блиц.

Раскинувањето на Цеца и Богдан сите ги шокираше зашто никој не насетуваше крај, бидејќи пејачката и бизнисменот до неодамна изгледаа мошне заљубено.

„Не сум ја видел Цеца посреќна! Богдан е многу внимателен кон неа, и ја исполнува секоја желба, дури и го носи утринското кафе во кревет со рози… Подготвен е на се само за да ја насмее. Конечно нашла маж кој се обидува да ја задржи. Откако Вељко се ожени и доби син, а Анастасија почна да живее со момче, Цеца почна да размислува за својата иднина. Богдан е вклучен во сите планови! Нема да ме чуди наскоро да ја запроси“ – изјавуваше неодамна еден соговорник близок до двојката чија љибовна романса наместо со свадба, заврши со неочекувано раскинување.

Фото: АТА имиџис

To top