Естрадата е преполна со необјавени тајни. Една од нив е и дека поранешниот свршеник на Сандра Африка, естрадниот менаџер Александар Московљевиќ Микиш бил во врска со Славица Чуктераш.
-Тоа беше одамна. Славица пееше кај мене во дискотека. Веднаш видов дека ќе биде сериозна пејачка. Беше млада, полна со живот и соништа, но Африка е пожешка, изјави Микиш за курир.рс
Инаку, Сандра и Александар со години беа во врска. Таа неколку пати истакна дека токму тој е нејзината најголема љубов. Не се венчаа, но останаа најдобри пријатели и соработници.
По раскинувањето со Микиш, Славица започна емотивна врска со продуцентот Жика Јакшиќ, но ни таа љубов не траеше долго.
фото: принтскрин/инстаграм/славица чуктераш/сандра африка/принтскрин