Радио Милева сеќавања

Вака изгледаше Милена Антовска на нејзиното прво застанување пред камера: „Божеее колку изгубено изгледам“ (видео)

Вака изгледаше Милена Антовска на нејзиното прво застанување пред камера: „Божеее колку изгубено изгледам“ (видео)

Водителката Милена Антовска важи за една од најпрепознатливите ТВ лица. Имено, гледачите имаа прилика секој ден да ја гледат на утринската програма на Канал 5.

Меѓутоа, Антовска неодамна по вторпат се реализираше во улогата на мајка, ја доби ќеркичката Јоана. Неколку месеци пред породувањето Милена замина на породилно отсуство и се повлече од ТВ екраните. Таа моментално ужива во љубовта и топлината со двете ќеркички и сопругот.

Уште една македонска ТВ убавица, се породи на Василица: Водителката Милена Антовска на свет ја донесе ќеркичката Јоана (ФОТО)

Иако не е на ТВ екраните, таа е актина на социјалните мрежи каде што знае да сподели некоја фотографија, „стори“, да покаже како го поминува времето или пак да се врати на некој спомен, сеќавање.

Благодарение на „Фејсбук“, „Инстаграм“, може да видиме „memories“.

Милена на социјалните мрежи сподели сеќавање од нејзиното прво застанување пред камера во 2009 година.

Таа е облечена во капут и капче на главата, а во описот на фотографијата пишува:

-2009-та…ееее ова е моето прво застанување пред камера…Божеее колку изгубено изгледам хаххаха, ама оправдано:) Знам дека беше првиот пролетен ден и дека заврна снег, а најмногу се сеќавам на тоа дека имав трема и се тресев како никогаш дотогаш. Убави времиња.

Колку се променила Антовска отогаш па досега?

фото: Инстаграм/милена антовска

To top