Старлетата Тамара Ѓуриќ, која често правеше естетски корекции, сега го откри точниот број на интервенции што ги имала на своето лице и тело.
Тамара сега откри дека направила 101 интервенција, а првата естетска операција и била операцијата на градите на само 18 години.
„Имам околу 101 интервенција, работев на себе. Првпат вградив гради на 18 години.
Тоа беше прв пат и беше многу комплицирано во споредба со сега, бидејќи ми требаше потврда од психијатар, иако бев полнолетна, ми требаше потпис од моите родители за да ја направам таа интервенција, бидејќи лекарите бараа да знаат зошто млада девојка сака да надградува гради“ – изјави старлетата и додаде:
„Малку експериментирав и вградив материјал наречен аквафилер. Тоа е многу ризично само по себе, се користи за некои несовршености на лицето, а јас ставам голема количина во глутеусот што предизвика инфекција.
Секоја операција е ризик за одредени проблеми. Може да ве усреќи, а може и да ве уништи и вас и вашиот живот“ – рекла старлетата.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/tamarastar89