Почина актерот Мозес Џеј Мосли. Имаше 32 години, и беше познат по улогата во серијата што бележи голема популарност „Тhe Walking Dead“.
Светските медиуми ја пренесоа дека Mозес бил пронајден мртов во Стокбриџ, град во Џорџија, со прострелна рана, а околностите за неговата смрт уште се под истрага. Од серијата веќе објавија трогателна порака на Твитер профилот.
Неговите роднини изјавиле дека не биле во контакт со актерот од 23. јануари, а неговото исчезнување го пријавиле во полиција во средата.
Актерот е роден во Аикен, Јужна Каролина, во декември 1990. Тој е познат американски актер, писател и модел, а беше дел од ТВ сериите „Queen of the South“ и „Watchmen“.