Младата актерка Сања Марковиќ се прослави со улогата на Гордана во филмот „Тома“.
Во приватниот живот, Сања ужива во љубовта со свршеникот Данило Лончаревиќ кој исто така е актер.
Сања и Данило се во врска седум години, а се запознале на прва година на факултет и отогаш се неразделни.
Се свршија претходната година, а Данило ја запроси Сања за време на нивниот одмор во Црна Гора.
-Во мај бевме на краток одмор во Улцињ. Седевме на плажа и зборувавме за секојдневни работи, јас бев во џемпер и фармерки, не ни помислив да се средам. Додека седевме тој го закопал прстенот и полека почна да го трга песокот додека не се појави кутија. Подоцна, ми призна дека го купил неколку месеци претходно, но го чекал вистинскиот момент да ме запроси. Мислам дека прстенот го чувал во кутијата од гитара која никогаш не ја отворам, вели Сања.
Сцените во кои Гоца се мажи за Тома Здравковиќ, Сања ги снимила со колегата Милан Мариќ во Америка, а тоа искуство добила идеја кога ќе прави свадба да и свират „маријачи“.
фото: принтскрин/инстаграм