Фолк пејачката Цеца Ражнатовиќ во јануари ужива во потоплите краеви односно на Малдивите од каде што често објавува фотографии.
Меѓутоа, нејзините објави на кои позира во минијатурно бикини ги распамети следбениците, а фолк ѕвездата изгледа подобро од кога и да било.
Имено, Цеца позираше на плажа во минијатурно црно бикини кое едвај ги покрај нејзините бујни гради. Под објавата, таа доби еден куп комплементи од оние кои ја виделе фотографијата.
„Бомба“, „Каква жена“, „Секоја чест Цецо“, се само некои од коментарите.
И ќерката на Цеца, Анастасија Ражнатовиќ ужива во потоплите краишта, па така деновиве се одмара во Дубаи од каде ги чести своите следбеници со провокативни фотки.
Имено, младата Анастасија објави фотографија на која позира во минијатурно црно бикини истакнувајќи го своето витко, згодно тело.
Нејзините следбеници ја опсипаа со позитивни коментари истакнувајќи дека никогаш не изгледала позгодно.
фото: инстаграм/анастасија ражнатовиќ/цеца ражнатовиќ