Радио Милева обид за прошка...

Теа Таировиќ по скандалот со „Македонско девојче“ проба „да се извади“, ама..: „Касно е срце , ја испо*ра работата“! (ВИДЕО)

Теа Таировиќ по скандалот со „Македонско девојче“ проба „да се извади“, ама..: „Касно е срце , ја испо*ра работата“! (ВИДЕО)

По скандалозното менување на стиховите во: „Нема поубаво девојче од Б’лгарче“… на една од најубавите македонски народни песни – „Македонско девојче“ при нејзниот настап во Благоевград – Бугарија, српската фолкерка Теа Таировиќ се обиде „да се извади“ со кусо видео, во кое демек „покајнички“ кажува како немала намера да меша политика, ниту пак некому да му се додворува.

Сепак во „покајничкото“ видео најпрвин пее стихови од непозната песна за која вели дека ќе се најде на нејзиниот нов албум и истата носи наслов „Македонија“(?), како благодарност кон овдешната публика за љубовта и довербата што и ја дава!!?

Потоа, Теа вели дека на нејзинито настап во Благоевград имало и Македонци и Бугари, па стиховите во последниот рефрен заради почит и кон едните и кон другите и биле упатени на една убава девојка во публиката, и оттаму и дошло да отпее: „Нема поубаво девојче од Б’лгарче“…“, по што наводно, била погрешно разбрана!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic)

Но, обидот да ја „поправи глупоста“ очигледно лесно не и поминува, зошто реакциите и коментарите на нејзиното „вадење од калта“ во која сама се зацапа до гуша, се уште пожестоки и побрутални:

– „Нема што да пееш веќе песни за Македонија, си завршила со македонската публика“,

-„Македонско девојче, а не Б’лгарче… Сега треба никој да не ти дојде на настап… Мрш“,

-„Касно срце, касно… ја испо*ра работата“,

-„Не си добредојдена во Македонија, тоа е сигурно“,

-„Нема назад за тебе веќе“,

-„После е*ење нема каење Теичке, ја зае*а работата, веќе“,

-„Џабе благодарност, засрами се“…

Ќе има ли прошка или македонската публика ќе биде сурова кон српската пејачка за глупоста што ја направила, допрва ќе видиме… Уште при првиот следен настап кај нас на Теа, на кој ќе биде одново прифатена, или бојкотирана, игнорирана и минирана?

Фото: Инстаграм принтскрин/tea_tairovic

To top