И додека долги години нанзад на естрадата и воопшто во шоубизнисот постои тренд градите да се зголемуваат и до степен на невкус, на регионалната естрада има дами кои се природно надарени, па силиконски импланти не им биле потребни, зашто бујните предници им се од Бога дадени.
Јелена Вучковиќ
Ќерката на пејачката Гоца Божиновска навистина може да се пофали со огромни гради кои и се природни.
Јелена Вучковиќ најмногу сака да ги истакнува градите, а како и не би кохга и е потешко да ги сокрие, отколку покаже.
Драгана Тодоровиќ Јана
Уште една пејачка чии огромни гради кај мажите на прв поглед привлекуваат внимание, фрлајќи ги во бесознание.
Јана во неколку наврати зборуваше за здравствените проблеми што ги има со кичмата поради тежината на преголемите гради, како и тоа дека треба да ги намали, но тоа се’ уште не се случило.
Дотогаш пејачката гордо носи бујни гради како роденденски балони, без вградено тронка силикони.
Милена Ќераниќ
Нешто помладата нивна колешка и по професија и по волумен на природни гради е пејачката и поранешна „фармерка“ Милена Ќераниќ.
Младата пејачка и претходно размислувала за зголемување на градите, па дури посетувала и клиники во Белград и се распрашувала за процедурата, но Милена се’ уште не се одлучила за операција иако и вака нејзината предница има завидна кубикажа.
Нивес Целзиус
На изгледот на хрватската пејачка и актерка му се восхитуваат и мажите и жените во целиот регион. Нивес се труди да се грижи за себе и да не запоставува ниту еден дел од телото.
И во зрели години таа изгледа секој ден помладо, а во прилог и се и гигантските природни гради на кои би и позавиделе и 20-годишните силиконски старлети.
Впрочем, Нивес своевремено на обвинувањата дека градите и се силиконски одговори дека „на неа се е природно освен можеби бојата на косата“.
Габриела Пејчев
Пинк ѕвездата и учесничка во „Фарма“ Габриела Пејчев исто така имала среќа што природата била многу инспирирана кога се во прашање нејзините гради.
Во морето од силикони со кои се фалат нејзините колешки, Габи може да се гордее што припаѓа на делот на жените со убави и природни гради со кои естрадната кариера ја гради.