Македонската престолнина Скопје ќе добие улица која ќе го носи името на легендарниот починат пејач на „Парни ваљак“, Аки Рахимовски, обзнани градоначалничката на главниот град, Данела Арсовска.
„Аки Рахимовски, легендарниот пејач на „Парни ваљак“, попладнево беше погребан во алејата на великаните на гробиштата „Мирогој“ во Загреб. Ковчегот беше прекриен со македонското знаме“.
„Како Градоначалник на Град Скопје, денес иницирав со одлука на Град Скопје една улица во централното градско подрачје да го носи името на Александар Аки Рахимовски“ – напиша та на својот фејсбук профил,споделувајќи видео од нејзината последната средба со Аки во резиденцијата на Претседателот на Хрватска минатата година, каде пејачот гордо ги поздравил со македонските песни кои нему лично му беа најдраги.
Градоначалничке… Данела… Скопје и скопјани „те држат за збор“!