Пејачот Петар Грашо и неговата девојка, ќерката на Тончи Хуљиќ, Хана Хуљиќ ќе станат родители.
Овие вести ги потврди и Хана која истакна дека се многу среќни поради приновата.
По овој повод сега се огласи и Тончи Хуљиќ.
-Тончи ти кажа ли некој дека ќе станеш дедо?, гласаше прашањето во емисијата кај Татјана Јуриќ.
-Ма немој ништо да ми кажуваш, ги гледам фотографиите. Често им велев- ќе ме направите ли дедо? И кога дојде тој момент ме фати малку паника. Јас сум човек кој секогаш планира на долги стази, вели Хуљиќ.
Петар Грашо се огласи по написите дека ќе стане татко.
-Ми требаше некое време да ја освестим таа прекрасна информација, сега живеам во очекување. Кога ќе ги затвориме вратите ние живееме како и секое нормално семејство кое очекува принова, изјави Петар.
На прашањето дали знае да менува пелени, тој имал подготвен одговор.
-Мислам дека има и други членови на семејството кои знаат како тоа се прави, изјави пејачот.
За потсетување, Петар претходно беше во 24 годишна врска со пејачката Данијела Мартиновиќ, а по раскинувањето пејачот започна врска со Хана Хуљиќ.
фото: Немања Николиќ/Дамир Дервишагиќ/инстаграм/хана хуљиќ/инстаграм/petar_graso_fan_page