Мегафон

Закажано испраќањето до вечното почивалиште: Аки ќе почива во Алејата на великаните на загрепските гробишта „Мирогој“

Закажано испраќањето до вечното почивалиште: Аки ќе почива во Алејата на великаните на загрепските гробишта „Мирогој“

Со оглед на актуелните епидемиолошки мерки, менаџментот на бендот ги замолува сите кои сакаат да му оддадат почит да го сторат тоа од вторник, 25-ти јануари кај скулптурата „Бунарот на животот“ пред Хрватскиот народен театар во Загреб, каде што ќе може да се донесат цвеќиња и да се запалат свеќи. во спомен на овој единствен и голем музичар.

Последното збогување на Аки Рахимовски ќе се одржи во четврток на 27-ми јануари во 15 часот на загрепски Мирогој во Алејата на великаните, во кругот на семејството и пријателите. Во алејата се погребани и други познати личности од поранешна Југославија помеѓу кои: кошаркарот Дражен Петровиќ, актерката Ена Беговиќ, Рајко Дујмиќ од „Нови фосили“, Кичо Слабинац и други.

To top