Пејачка Ана Бекута кон крајот на претходната година го изгуби својот партнер Милутин Мркоњиќ Мрка со кој беше во врска 9 години.
Парот живееше заедно во станот на Врачара, а по смртта на Мрка, Ана останала сама да живее. Меѓутоа, оваа ситуација неодамна се променила.
Пејачката истакна дека најголема поддршка во тешките моменти и биле нејзините внуци, а како што пишуваат српските медиуми нејзиниот внук Бранко неодамна се вселил во нејзиниот стан.
Како што пишуваат медиумите, тој ја вози пејачката на снимањата на „Ѕвездите на Гранд“, па исто така се грижи ништо да не и недостига и оди да пазарува.
Соседите на Ана неодамна открија дека пејачката повторно започнала да излегува од својот стан откако со денови не излегувала од дома по смртта на Мрка.
За потсетување, по смртта на Милутин, Бекута истакна дека се повлекува од јавност, па ги откажа сите гостувања и концерти за декември, а на музичката сцена се врати за Нова година.
фото: инстаграм/ана бекуа/ата имагес/стори србија