Радио Милева одново во брачни води?

Слоба Радановиќ ќе се жени: Пејачот и бивш сопруг на Кија Коцкар реши да застане на „лудиот камен“ по вторпат (ФОТО)

Слоба Радановиќ ќе се жени: Пејачот и бивш сопруг на Кија Коцкар реши да застане на „лудиот камен“ по вторпат (ФОТО)

Слоба Радановиќ ќе се жени. Тој зборуваше за неговата свршеница Јелена Ѓуричанин.

„Здрава, жива, добро е … Се’ е во ред, да беше подобро немаше да функционираме! Се трудеше да ги избегне медиумите, не можеше да се сокрие од целиот свет“ – искрен е Слоба.

Можеме ли да очекуваме да стапне на лудиот камен годинава – беше прашањето за него, на што тој вели:

„Па, можно е. Можете да очекувате тоа да биде оваа година, мислам дека е време за тоа, размислувам за тие работи, основање семејство и едвај чекам да пробам. Не знам како ќе изгледа сето тоа, не сме разговарале, но ќе ве известиме на време. Има многу колеги кои би сакал да ми пеајат на мојата свадба. Можеби Дарко Лазиќ, Александра Пријовиќ, сакам да ги слушам и приватно, Јован Перишиќ…ќе имасе’ и сешто“ – за првпат открива Радановиќ и додава:

„Мајка ми се уште не знае ништо конкретно, но многу ја сака Јелена, не се сомневам дека ќе биде воодушевена. Ако таа не беше соодветна за мене, мислам дека оваа наша врска оддамна ќе се распаднеше. А за дете? Не ми е важно дали ќе биде момче или девојче, важно е само да е живо и здраво“ – заклучува Слоба Радановиќ кој како што стојата работите цврсто решил по разводот со Кија Коцкар и ријалити авантурата со Луна Ѓогани  и по втор пат  во животот да „скокне во тавче“.

Фото: Инстаграм принтскрин/slobaradanovic/Zorana Jevtić/Espreso

To top