Душко Тошиќ неодамна се најде во центарот на вниманието кога неговата сопруга Јелена Карлеуша на Божиќ го пријави за семејно насилство односно наводно и удрил шамар на пејачката.
Меѓутоа, не престануваат скандалите и разните натписи за Душко Тошиќ.
Имено, како што пишува ало.рс наводно фудбалерот е во врска со Софија Шашиќ, ќерката на Жељко Шашиќ и Соња Вуксановиќ.
Како што пишува ало.рс, Софија го смувала Душко.
-Софија од мали нозе е научена на удобен живот. Таа сака патувања,брендирана облека, излегува на популарни места и иако е многу млада живее на висока нога. Сите нејзини досегашни момчиња и беа ситуирани и пружија тоа што и беше потребно, вели изворот за ало.рс, па открива како дошло до емотивен однос меѓу Душко и Софија.
-Мајката на Софија, Соња е долгогодишна пријателка со сопругата на Душко. Неколку пати се најдоа во исто друштво и се допаднаа еден на друг. Секако, Софија знаеше дека тој е оженет, па не сакаше да има некаков однос со него. Душко е 15 години постар, во брак е, има деца, вели извор.
-Меѓутоа тој тврдеше дека бракот му е на стаклезни нозе, ја опсипа со внимание и таа одлучи да му пружи шанса. И двајцата многу патуваат, па врската ја одржуваат во странство, а таму не мора да се кријат. Веќе неколку месеци се заедно, нивните пријатели се запознаени со нивната врска и се обидуваат да им помогнат почесто да се гледаат. Најчесто се во некој од неговите станови, вели соговорникот, па додава дека Јелена Карлеуша дознала за оваа афера.
-Неговата сопруга дозна за аферата. Таа веднаш ја отследи Соња на Инстаграм и го прекина контактот со неа, тврди изворот.
За потсетуање, неодамна Душко Тошиќ го прослави својот роденден без Карлеуша, која заедно со ќерките е во Дубаи на одмор, но и каде пејачката овој викенд ќе одржи настап.
фото: инстаграм/duskotosic/sophiasasic