Пејачката Сара Мејс и и нејзиниот сопруг Димитар Атанасовски ќе станат родители по вторпат.
Имено, радосните вести ги сподели Сара на социјалните мрежи објавувајќи фотографија од ултразвук.
-Бебе број 2. (Ако ги броиме со Атос и Бела со Димитар Атансовски, а треба, тогаш е број 4), напиша Сара покрај фотографијата.
На ова нејзиниот сопруг, водителот и маркетинг агент Димитар Атанасовски, шеговито ќе и возврати: „Бебе биди добро, бар еден нормален у фамилија да имаме“!
Инаку, Сара е во четвртиот месец од бременоста.
-Одлично се чувствувам, засега е сe’ како што треба. Многу сум радосна што семејството ќе ни се зголеми. Илина и Димитар се супер, и ќе бидам многу среќна кога на свет ќе дојде уште една позитивна личност како нив, од нивната клапа“, изјави Сара за „Женски магазин“.
Под објавата се нижеа честитки од нејзините следбеници, пријатели, колеги меѓу Тамара Тодевска, Снеже Велков, Jaна Бурческа.
За потсетување, Сара и Димитар веќе ја имаат ќерката Илина.
фото: Ѓорѓи Петрушевски/инстаграм/sarahmace