Радио Милева омилена сосетка

Милица Тодоровиќ пред камерите секогаш е насмеана и расположена, а нејзините соседи од родниот крај открија како се однесува приватно

Милица Тодоровиќ пред камерите секогаш е насмеана и расположена, а нејзините соседи од родниот крај открија како се однесува приватно

Пејачката Милица Тодоровиќ често оди во родниот Крушевац каде што живее нејзиното семејство во нивната семејна куќа.

Мештаните на Крушевац велат дека се многу горди на успехот кој го постигнала Милица, а единствено нешто што им е жал е тоа што таа се уште не одржала настап во родниот крај.

-Милица е прекрасна личност, потполно природна, ведра, насмеана, позитивна. Кога човек е со неа, не му е досадно бидејќи Милица зрачи со својата појава. Кога е дома се однесува нормално, како да не е дел од јавната сцена. Оди во продавница, сите ги поздравува…Често е во ресторанот кој се наоѓа во близина на нејзината куќа и често знае да го изнесе семејството на ручек. Потполно е природна, нормална, своја…Драго ми е што не се менува и што остана автентична, вели Арса.

Една баба објаснила зошто сите ја сакаат Милица.

-Во супер односи е со соседите, сите ја сакаме, кога ќе си дојде дома не и е тешко да се јави, да дојде кај нас. Соседите се горди на неа, ја обожаваме бидејќи неа не може да не ја сакате, вели првата сосетка на Тодоровиќ.

Ана вели дека сите соседи се горди на пејачката иако многумина не верувале во неа.

-Кога се појави во „Ѕвездите на Гранд“ никој не веруваше дека ќе стане најмлада победничка на тоа музичко шоу. Меѓутоа, таа на сите им покажа дека трудот и упорноста секогаш даваат резултат, а Крушевац има со што да се фали, вели Ана.

Соседот Душан вели дека ги сака сите песни на Милица, но најмногу сака таа да одржи концерт во родниот град.

-Жал ми е што никогаш не одржа концерт во Крушевац бидејќи многу сограѓани со нетпрение ја очекуваат. Каде и да пее, на плоштад, во ресторан, не се сомневам дека ќе направи одлична забава, вели Душан за ало.рс

Соседите на Милица останале да живеат во Крушевац, а соседите велат дека семејството Тодоровиќ не се променило откако нивната ќерка станала јавна личност.

-Исти се како и порано. Исто така, со соседите се во одлични односи, секогаш се подготвени за разговор, шега и разни случувања. Популарноста на ќерката не влијае на нив, а тие се нејзина најголема поддршка. Тие се потполно нормално и здраво семејството, вели соседот Дејан.

фото: Инстаграм/милица тодоровиќ

To top