Во екот на големата популарност на социјалните мрежи, се повеќе млади на настапите, кафани, клубови, не ги испуштаат телефоните од рака.
Изгледа тоа посебно им пречи на пејачите кои се трудат со својата музика да ги развеселат луѓето.
Посебно револтирана била и Милица Тодоровиќ која на еден настап се сретнала со непријатна ситуација.
-На настапите луѓето секогаш се пред мене, пред сцената. Јас уживам во улогата и пејам и гледам некој во публиката дека праќа пораки. Јас велам „Стоп музика“. Ја прекинав музиката и му се обратив: „Дали ти тоа праќаш пораки додека јас пејам? Срам да ти е, му рекла Тодоровиќ.
Во таква слична ситуација се нашле и Гоца Тржан и Едита Арадиновиќ кои реагирале на сличен начин.
-Оставите ги телефоните и гледајте едни во други, можеби покрај вас е вашата животна љубов, им порачала Гоца, додека Едита вели дека пред настап ја замолува публиката да ги исклучи мобилните телефони.