Сања Сани Гроздановска дефинитивно е по многу нешта „една и единствена“… Не само како пејачка која важи за „кралица на кафеанската забава“, убавица со раскошен глас и уште пораскошен стас и природно бујни атрибути што е вистинска реткост, нешта кои ја прават комплетна естрадна личност. Фолк ѕвезда – парекселанс и многу повеќе од тоа!
Наизглед – убавица со телесен раскош на ѕверка, во која се крие како стакло кршлива, но како памук мека душа, непоправливо емотивна, создадена за љубов… „А, од љубов не се бега“, како што вели и самата песна, па затоа Сани од кафеани кога сака може да избега, ама од љубовта – тешко… Или поточно, никако!
А кога ќе дојдат тие мигови и ја заплиснат емоции, на Сани тешко и оди да се одбрани… Затоа им се препушта со сето свое срце, тело и душа, па наместо разумот, срцето и истата таа душа почнува да ги слуша… А душата кога е полна, срцето забрзано чука и две педи под него, ете токму некаде тука, во пределот на стомакот, почнуваат да ти летаат пеперутки. И на неа, како на сите вљубени…
Сани Гроздановска „пеперутки во стомакот ја опија“, ама таа побрза да ги прати на… токсикологија!
Замислете, Сани да ти биде вљубена без да знае, па откако „пеперутките се отрезнија“, „тркалото на среќата“ или поточно, „срцето на судбината“ и ја соопшти вистината… Дека е во „емотивна“ врска!
View this post on Instagram
Од ова „емотивно токсично искуство“, остана само поуката за пејачката: „Друг пат кога ќе почувствуваш пеперутки во стомакот, не ја симнувај насмевката и остани само на песната, па запеј ја онаа, ‘нашата’… И држи се строго за микрофонот, не се фаќај за чашата“!
Фото: Инстаграм принтскрин/sani.grozdanovskasanja