Во Македонија владее зима и ниски температури, па јакните, капите, шаловите, капутите, зимските обувки овој период се наша секојдневна комбинација.
Многу од нашите познати личности уживаа во снегот и зимските лудори, некои заминаа и во зимски ски центри за да уживаат во убавините на снежната покрива.
Меѓутоа, не е зима и за нашинците кои живеат подалеку од Македонија, туку за нив е лето и уживаат на потопла клима.
Некогашната македонска водителка, Хелена Роза веќе неколку години живее на Нов Зеланд. Таа иако е далеку од дома, секогаш кога има можност и прилика доаѓа во родната земја.
Преку социјалните мрежи често ги известува следбенциите за нејзините активности, како го поминува времето.
Така, овој пат таа објави фотографија од плажа и покажа како уживаат во летото на Нов Зеланд.
Хелена ужива во семејната хармонија и топло време.
фото: принтскрин/инстаграм/хелена роза/наташа бошковски