Само една година по смртта на кралицата на ромската песна почна да се ограбува наследството на Есма Реџепова-Теодосиевска и нејзиниот сопруг Стево од музеј-домот на Скопското кале. Неколкупати медумите не само во македонија, меѓу кои и ТВ магазинот Бекстејџ ја отвараа оваа тема, но за жал работите до ден денес не се поместија од мртва точка.
Пред објективот на естрадниот магазин „од зад сцената“ застанаа посинокот на Есма, Симеон Атанасов како и Зорана Костовска, долгогодишна пријателка и соработник на Есма, како и претседател на хуманитарното здружение „Есма и Стево Теодосиевски“ и управител на целиот имот, според тестаментот на Реџепова.
Како што велат тие, мебелот и другите вредни работи од Домот на хуманоста и уметноста „Стево и Есма Теодосиевски“, на Скопското кале, кој за жал не е пломбиран, се изнесени и се продаваат, а на имотот околу куќата и во контејнери наоѓале расфрлени благодарници и награди што во текот на животот Есма ги добила по разни поводи и манифестаци, од разни фестивали, организации и институции ширум светот.
Екипата на „Бекстејџ“, ја побара и правната застапничка на семејствата Реџепови и Теодосиевски, адвокатката Весна Тренкоска.
Таа ја раскажаува својата приказна, своето видување на нештата кои се очигледно испреплетени во комплициран правен заплет, на чија правна разрешница и по пет години не и се ни наѕира крајот.
Адвокатката дури и им открила дека трошоците за лечењето на Есма наводно се’ уште не се платени. За истото приложила и доказ. Фактура од 873. 000 денари колку што изнесува сумата која што никој досега не ја платил, а поминати се цели пет години од нејзиното упокојување.
Еве ја приказната раскажана од агол на правниот застапник на втората страна, адвокатот Тренковска и нејзините видувања на нештата: