Радио Милева на лагата и и се куси нозете

Зетот на Тоше ја разреши мистеријата околу „неговата гитарата“ во рацете на бугарски пејач: Не беше тешко да се погоди дека Бугарите пак „се китат со туѓо перје“ – со измама само си правеле маркетинг (ФОТО)

Зетот на Тоше ја разреши мистеријата околу „неговата гитарата“ во рацете на бугарски пејач: Не беше тешко да се погоди дека Бугарите пак „се китат со туѓо перје“ – со измама само си правеле маркетинг (ФОТО)

Најпрвин во бугарските медиуми, а потоа и кај нас осамна веста дека во новиот видеоспот на младиот бугарски пејач Лео користи „ специјална гитара“( „Сигнал“).

Тој според нивните информации, во видеото за песната „Ти си мојот живот“  во рацете ја има гитарата на која некогаш свиреше нашата музичка легенда, Тоше Проески.

Гитарата на Тоше заврши во рацете на бугарскиот пејач Лео… како, никој не знае? (ВИДЕО)

Откако веста молневито се прошири, многумина не верувајќи вртеа со глава зачудено прашувајќи се од каде гитарата на Тоше во бугарски раце, мистеријата бргу ја разреши човекот кој по трагичното заминување на македонската музичка икона, ги презема сите операции околу чествувањето на ликот и делото на нашиот музички ангел.

Имено, неговиот зет за сетра, адвокатот Славен Ристески кој во изјава за македонските портали ( „Фокус“ ) ја појасни целата ситуација, симнувајќи го ионака сомнителниот вел на мистеријата околу наводната гитара на Тоше во новото видео на младиот бугарски пејач Лео.

„Сите гитари кои беа на Тоше, исто како и останатите музички инструменти кои тој ги поседуваше се изложени во спомен куќата – музеј во Крушево. Ниту една не е продадена, ниту пак дадена некому на користење.

Ова со гитарата, ми личи на маркетиншки трик кој си го направиле во Бугарија“ – дециден е Славен Ристески, зетот на Тоше и татко на неговиот внук Кристијан.

Славен вели дека ова не ги изненадува зашто не е прв пат. Со текот на годините веќе свикнале на секакви приказни поврзани со Тоше и на многу од нив семејството воопшто не реагира. Тврди дека многумина  досега се обиделе да си прават маркетинг користејќи го името на Тоше.

„Фотографиите со гитарата кои ги објавиле, кој знае дали е тоа една иста гитара и чија е. Тоше  има многу фотографии со гитари, на кои можеби некогаш свирел на некоја забава, му дошле во раце… Секакви финти се прават, ние веќе не си ни лутиме, ниту пак реагираме. Народот знае и не заборава кој беше Тоше“ – резимира во својот демант на лажната приказна, Ристески.

Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/Slaven Risteski/kristijanristeski

 

To top