Во новиот видеоспот на младиот пејач Лео, тој користи многу специјална гитара, пишува бугарски „Сигнал“. Според нивните информации, тој во својот нов спот за песната „Ти си мојот живот“ ја користи гитарата на која некогаш свиреше нашиот Тоше Проески.
Гитарата му била омилена на Проески и со неа ги создал некои од своите најголеми хитови, пишува порталот.
Како стигнала гитарата до Лео и дали е автентична или само копија на истата, искористена за добар маркетинг на пејачот и песната, засега останува непознаница.
Познавајќи ги апетитите на „комшиите“ се што е туѓо да биде (и) нивно, ништо нема да не изненади.