Радио Милева Овакој ли ќе идемо у Европу?

Среде бел ден во Куманово жена си го миеше… на градската чешмичка! (ФОТО+ВИДЕО)

Среде бел ден во Куманово жена си го миеше… на градската чешмичка! (ФОТО+ВИДЕО)

Кумановци беа сведоци на ретко грозен призор. Среде пладне во центарот на градот во близина на фонтаната крај хотелот Кристал се случи глетка на која човек не може да им верува на своите очи.

Жена во јакна со качулка на главата дојде до фонтаната, си ги симна панталоните и почна да си ги одмива гениталиите.

Случајните минувачи вчудовидени ја предупредија дека е срамота да го прави тоа, но таа не обѕираше на  нивните предупредувања.

Мртва ладна продолжи да си го мие задникот, па кога заврши, си ги кренаа панталоните и си замина.

„Стоев покрај автомобилот, и кога случајно се свртев, видов гола газ на чешмичката од која граѓаните пијат вода. И довикнав на госпоѓата, но таа се направи дека не ме слуша и си продолжи да се мие таму долу…“ – изјавил  за порталот Kumanovonews.мк еден очевидец, кој дури и успеал со мобилниот телефон да сними неколку секунди од оваа неверојатна сцена и му го испратил видеото на споменатиот портал.

Видеото јасно покажува како една жена си го мие га*от на фонтаната, а потоа ги мие рацете . Двајца мажи ѝ приоѓаат и нешто и дофрлаат, но таа не обрнува внимание на нив.

Погледнете го видеото кое брзо се прошири не само по македонските, туку и по српските медиуми и секако социјалните мрежи, од кое јавноста се згрози:

https://www.youtube.com/watch?time_continue=17&v=yxgXXgRNK10

To top