Македонската јавност оддмна знае дека пејачка Ања Ветерова студира на еден од најпознатите светски музички факултети, престижниот бостонски колеџ „Беркли“ во САД.
Уште од моментот кога успее да се запише на оваа, веројатно светски најпозната музичка институција, „малечката сирена“ успеа и да го оствари првото парченце, првата коцкичка од мозаикот што го сочинува нејзиниот животен сон.
На „Беркли“ Ветерова првенствено го школува својот вокал, но иа зема и часови по пијано и да учи продукција.Сепак она што престижниот музички колеџ го нуди е нешто што е топлку многу примамливо, зашто можноста е пред тебе, само треба да умееш да ја зграпчиш шанста и да почнат да ти се отвораат вратите… И тоа не било кои, туку оние на светската слава. Но, затоа покрај талентот од Бога даден, треба многу работа труд, учење, напредок, едукација, пракса, умешност и секако упорност соништа да ги остваруваш еден по еден…! А на македонската пејачка по се изгледа дека и тргна.
Имено, уште додека речиси и не беше стапнала на Беркли, Ања раскажуваше како „светскиот музички едукативен храм“ нуди изобилство можности, и дека би била пресреќна што ќе има прилика да настапува со веќе основаните бендови на Беркли како: Tower of Power Band, Motown Ensemble, Beyonce Ensemble, Michael Jackson и Bruno Mars Ensemble.
„Она што за мене е голема привилегија на тој факултет е тоа што ќе имам шанса да се школувам од музичари кои свират со светските ѕвезди, а исто така ќе имам можност секој месец да го покажам она што сум го научила на концертите кои се одржуваат во концертната сала на Беркли. Едно од најголемите воодушевувања за мене е бендот на Бијонсе, со кој не може секој да настапи, а засега тоа е мојата цел“ – раскажуваше Ања во 2018 година.
Сега, три и пол години подоцна, „малата сирена“ си го оствари детскиот сон: Ања Ветерова како Бијонсе – настапи со нејзиниот ансамбал на Беркли!
Имено, за време на божиќните и предновогодишни празници во концертната сала на Беркли се одржуваат споменатите концертите, а овој пат шансата да покаже дека не е случајно таму ја доби Ања…
И тоа со она за што уште во старт го сонуваше – настап со „Беркли Бијонсе ансамблот“.
А таквата шанса не ја добива секој и затоа истата никако не се пропушта. Можност да го покаже сиот свој пејачко, сценско-танцувачки талент, детскот сон да го преточи во стварност. И македонската пејачка се разбира, ваквата прилика не ја пропушти!
Нејзиниот вокално-сценски перформанс со музичко – танчарската придружба беше проследен со аплауз, воодушевување и стоечки овации…
Или како што и самите членови на „Беркли Бијонсе ансамблот“ напишале во својот коментар: „Кралско однесување“, фалејќи го настапот и перформансот на македоската пејачка.
„Толку благодарна и возвишена што имав шанса да работам, да градам, да раста, и да блеснам со сите овие убави и неверојатно талентирани души.@berkleebeyonceensemble доаѓа по вас“ – возвратила Ања Вњртерова во својот пост покрај споделеното парче видео од нејзиниот „Бијонсе“ настап на Беркли.
Ѕвездата е родена, иако ова е веројатно само првиот блесок… Сепак, Ања очигледно блесна во полн сјај!
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/anniamusicofficial/berkleebeyonceensemble