Три лица се избодени со нож за време на новогодишниот настап на Даре Бубамара во хотелот „Мајдан“ во Белград.
Како што пишува нова.рс Нова.рс од местото на настанот, нападот се случил во тоалетот на хотелот. Пред да дојде до инцидентот, двапати дошло до конфликт меѓу гостите пред сцената. Пејачката во тој момент се пошегувала, за да смири ситуацијата – „Таму каде пее Дара, само хаос и лудница“.
Набргу по нападот, настапот бил прекинат, а во хотелот пристигнале голем број полицајци, како и Брза помош.
Од Брзата помош велат дека едно од повредените лица се здобило со тешки повреди.
Засега не е позната состојбата на нападнатите.
фото: Инстаграм/дара бубамара/информер