Мајли Сајрус доживеала голема непријатност за време на новогодишниот настап кој се емитуваше на NBC кога и падна гордниот дел од облеката, но успеала брзо да се снајде и да се пресоблече не прекинувајќи го настапот.
Несреќата се случила по изведбата на стихот „ „We Can’t Stop“. Додека играла во срербрена гардероба, во еден момент се фати за гордниот дел од облеката кој почнал да паѓа и заминала од сцената додека нејзиниот бенд продолжил да свири.
Среде првиот рефрен на песната „Angels Like You” се врати на сцената во црвен блејзер кој го носеше на почетокот на концертот.
„Сега сигурно сите ме гледаат“, изјави Мајли цитрајќи стих од песна од 2009 година.
На крајот се заблагодари на публиката и истакна колку напорен настапот.
-Сите научивме како да очекуваме неочекуваното и наместо да го гледаме како проблем, ајде да го гледаме како прилика. На сите овде во Мајами и сите кои гледаат од дома им посакувам среќна и здрава 2022 година“, изјави Мајли.
Miley Cyrus began 2022 with a wardrobe malfunction. #MileysNewYearsEveParty pic.twitter.com/D3BF4JNA0X
— Dave Quinn (@NineDaves) January 1, 2022
фото: Screenshot/Twitter/Dave Quinn@NineDaves