Нашата позната актерка Јелена Јованова која моментално е актуелна по улогата на Јелена од Драчево во серијата „Преспав“, веќе неколку години е во среќан и хармоничен брак со колегата од Хрватска – актерот Стјепан Периќ.
Актерката и нејзиниот сопруг во јуни 2020 година добија син, а отогаш уживаат во вниманието, љубовта со наследникот.
Јелена изминатиот период постојано беше во Скопје поради снимањето на серијата „Преспав“.
Меѓутоа, актерката сега ужива во новогодшниот амбиент во нејзиниот дом. Имено, таа во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од новогодишна елка украсена со новогодишни украси и лампиони, а пред неа стои нејзиното синче Јаков.
Среќни празници!
фото: Инстаграм/јелена јованова